
Европски и јапонски научници гордо го претставија вселенскиот брод BepiColombo пред неговото 7-годишно патување до планетата Меркур, една од најпознатите мистериозни планети од Сончевиот систем, пишува “Франс прес”. Како што е предвидено тој ќе биде лансиран во 2018 година, а BepiColombo ќе биде првата мисија на Европската вселенска агенција до најблиската карпа до Сонцето.
Вселенското летало има необичен дизајн и се состои од леталото, кои носејќи два сателити – едниот европски, другиот јапонски, – кои ќе се поделат при пристигнувањето, за да влезат во различни орбити околу Меркур. Целта на BepiColombo е да “продолжи со многу интригантните резултати од бродот Messenger на НАСА, и да истражува подлабоки мистериите на Меркур откога и да било порано”, истакнуваат од Европската вселенска агенција.
Заедничкиот проект вклучува повеќе од 33 компании од 12 земји од ЕУ, како и компании од САД и Јапонија. Тој беше одложуван неколку пати, но шефовите на мисијата веќе се убедени дека тој ќе биде лансиран во октомври следната година. Меркур е “најчудната од сите карпести планети”, наведува Алваро Хименез, кој е директор на научниот оддел во Европската вселенска агенција.
Површината на планетата е уништена од екстремни температури кои се движат од +450 степени Целзиусови до -180 степени. Меркур исто така има магнетно поле, а е единствената карпеста планета, која освен Земјата има такво поле. Но на Меркур е толку слабо што магнетното поле не обезбедува штит против сончевото зрачење.
Неговата орбитата е само на 58 милиони километри од Сонцето и неговата површина и е погодена од нивото на радијација кои би ги уништиле земните форми на живот. Досега само две мисии на НАСА го посетиле Меркур – “Маринер 10” во 1970-тите години и “Месинџер”, кој одеше околу планетата од 2011 година до исцрпување на горивото во април 2015 година.