Илјадници години се сметало дека мажите се посилниот пол, а жените – послабиот. Дури и денес малкумина ја подложуваат оваа аксиома на сомнеж.
Писателката Анџела Сент во својата нова книга INFERIOR: How Science Got Women Wrong се амбицира да докаже дека за еднаквост меѓу половите не може да стане збор. Едноставно затоа што жените се посилни и посовршени од мажите. Нејзините главни поенти беа објавени во “Дејли мејл”.
“Често размислуваме за мажите како за посилни”, пишува авторката и сама потсетува на фактите, кои не можат да бидат заборавени. Мажите се повисоки во просек за 15 см од жените и имаат поголема густина на коските, поголема маса, посилни тетиви. Сето ова е така, но силата има различни димензии, потсетува Анџела Сент. Кога станува збор за основниот инстинкт – за опстанокот, женскиот организам се справува подобро, појаснува таа. Авторката ја гледа женската супериорност токму така – во способноста да се надмине, да се справи со тешкотии и конечно да опстануваме подобро. Уште во мајчината утроба супериорноста на девојките над момците веќе е факт.
Научниците од Универзитетот во Аделаида, Австралија, открија дека реакцијата на мајчината плацента зависи од полот на бебето. Машките ембриони растат побрзо и повеќе и тоа го зголемува притисокот врз плацентата и може да доведе до зголемување на крвниот притисок на мајката и недоволната храна на плодот. Кај женските ембриони плацентата има повеќе сили за складирање на бременоста и подобрување на имунитетот на плодот.
Неонатологон проф. Џон Лоун од Лондон обрнува внимание дека кај машките ембриони има повеќе предвремено породување и поголем ризик за машките бебиња. Предвремено родените момци се со 14 повеќе од девојките. Ова најчесто е така поради неспособноста на плацентата да им обезбеди на момчињата доволно храна за плодот. Морталитетот во постнаталниот период кај момчињата е поголем за 10% посочи тој. Кај мажите сè е поставено да бидат жилави и силни, но емотивно тие се кревки. Кај малите претставници на “посилниот пол” телото произведува повеќе хормони на стресот како реакција на чуен плач. Со растењето работите не се менуваат особено. При спроведување на тест за реакција на кратки филмови, поделени по категории – смешни, стимулирачки, трогателни, радосни, мажите реагираат посилно на сите групи. Тие сепак реагираат два пати поинтензивно од жените на цртани филмови од категоријата “трогателни”.
Дали сепак мажите не се попаметни. Споровите за тоа се водат од години. Жените почесто добиваат повисоки резултати при тестови за интелигенција, т.н. IQ- тестови. Најимпресивниот резултат во светот го покажала американската писателка Мерилин Вос Савант која има 228 поени. Таа е запишана во 1985 година во Гинисовата книга на рекорди со највисок IQ во светот во текот на пет последователни години. За споредба, според некои податоци Ајнштајн имал резултат меѓу 160 и 190.