Комплетирано второто коло на Вимблдон во двете конкуренции

од Vladimir Zorba
106 прегледи

   Со мечевите кои завршија синоќа беше комплетирано второто коло на Грем слем турнирот Вимблдон во двете конкуренции.

Од фаворитите Роже Федерер без поголеми проблеми го совлада Душан Лајовиќ, а пласман во третото коло кај мажите изборија уште: Новак Ѓоковиќ, Гаел Монфис, Милош Раониќ, Григор Димитров, Доминик Тим. Елиминација доживеа Хуан Мартин Дел Потро, кој загуби од Ернест Гулбис.

Кај дамите мечевите во втората рунда заврши третата носителка Каролина Плишкова која со 2-1 во сетово загуби од Магдалена Рибарикова, а елиминирана е и 12. носителка Кристина Младеновиќ. Пласман во третото коло изборија: Анжелик Кербер, Каролине Возниацки, Гарбине Мугуруза и Агњешка Радванска.

Денеска на програмата се првите мечеви од третата рунда и ќе се одиграат по осум дуели кај мажите и кај жените