Таравари испрати инспекции: Хигиената на Гинекологија и Трауматологија на ниско ниво

од desk2
142 прегледи

Хигиената на Гинекологија и Траумотологија не е на задоволитетлно ниво, утврдиле синоќешните инспекции, информираат од Министерството за здравство.

Синоќа, во вечерните часови, по насока од министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршија ненајавен инспекциски надзор во пет јавни здравствени установи. Целта на надзорот извршен во доцните вечерни часови бил да се увиди дали во континуитет се одржува хигиената и се почитуваат сите соодветни процедури за одржување на условите за пациентите на највисоко ниво.

Инаку, со надзорот биле опфатени Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

„При надзорот на Клиниката за гинекологија е констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно.

Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво“- велат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство во моментов презема мерки за отстранување на констатираните недостатоци.