
Колку храброст и колку непромисленост е потребно да поседува човек, за да одлучи доброволно да се труе? Тим Фрида е еден од оние луѓе кои силно веруват во принципот дека она што не те убие те прави посилен, пишува сајтот за љубопитни вести Bored Panda.
Невработениот маж, кој претходно бил вработен во фабрика, е голем љубител на змиите, особено на отровните. Решен да стигне поблиску до своите студени пријатели, мажот одлучува дека треба да развие имунитет од нивниот отровот.
Затоа Тим започнува да си става инјекции со мали и силно разредени дози змиска отров, кои постепено ќе ги зголемува.
Меѓу смртоносните течности кои тој ги прифаќа во своето тело има такви извлечени од едни од најопасните змии на планетата.
Тој тврди дека до моментов во организмот му има отров од повеќе од 100 видови змии, меѓу кои е и онаа на црната мамба, која може да убие човек за помалку од 20 минути.
Со експериментите мажот сака да докаже дека луѓето можат да се здобијат со заштита против смртоносни супстанции, аако постепено се изложува организмот на нивното влијание.
Секој пат кога ќе си вбризгува отров, организмот му произведува поголема количина антитела кои ги елиминираат опасните супстанци.
Тим се надева дека опасниот експеримент ќе и помогне на науката и медицината да развијат ефикасен противотров. “Секоја година од каснувања од змии умираат 125.000 лица”, истакнува Тим, додавајќи: “Верувам дека преку моите сопствени истражувања ќе успеам да создадам цврста основа за создавање на нов вид вакцина”.
За сега Тим се уште е жив, иако неколкупати бил примен во болница во тешка состојба. Отровите понекогаш предизвикувале силни алергиски реакции, друг пат неговите рани не можеле да заздравеат на природен начин, а по неговото тело се гледаат десетици лузни на змијски заби.
Тој, сепак, никогаш не бил на работ на смртта, што го прави да е амбициозен и уште посилен да продолжи со опасните експерименти.