
И да има хомосексуалци во ВМРО-ДПМНЕ тие ќе си останат во партијата. Ова го изјави пратеникот Влатко Ѓорчев во Топ Тема НВС како одговор на прашањето што ако во оваа партија има припадници од ЛГБТИ заедницата.
Прашањето следеше откако пратеникот Бранко Манојловски обраќајќи се до Ѓорчев изјави: Сега да земам да го исцедам ВМРО-ДПМНЕ ќе извадам 10 хомосексуалци, зошто да се кријат, зошто да не бидете тоа што сте?