Иванка Трамп и во Хамбург го замени татко и

од desk2
84 прегледи

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, повторно предизвика метеж за време на Самитот Г20 во Хамбург, кога во една прилика седна на една панел дискусија, на местото резервирано за нејзиниот татко, на лидерската маса.


Вториот ден на Самиот Г20 во Хамбург, Иванка Трамп приреди мало неугодно изненадување за организаторите. Имено, додека Доналд трамп го немаше во салата, затоа што беше на билатерален состанок, таа седна на неговото место, веројатно во договор со него, на панелот Африка, миграција и здравје.

Таа седеше меѓу премиерката на Велика Британија Тереза Меј и кинескиот претседател Си Џинпинг. Некои политички критичари го оценија овој потег како неверојате и недопуслтлив, а некои се чудат затоа што Иванка пред неколку недели изјави дека нема да се меша во политиката.


Откако нејзиниот татко е инаугуриран за нов претседател на САД, Иванка се појавува со него на средби со светски лидери и на други формални и неформални средби со што предизвикува чудење кај јавноста, затоа што таа нема никаква државна функција.