Десетмина повредени во трката со бикови во Памплона

од desk2
90 прегледи

Најмалку двајца се сериозно повреднени, а уште неколку полесно на трките со бикови на фестивалот Сан фермин во Памплона на северот на Шпанија.


На еден човек му е прободена раката, а на друг, задникот, наведе Црвениот крст.

Биковите поминаа 850 метри за нешто повеќе од четири минути. Три минути се смета за просечна брзина на трчање.

Десет луѓе се повредени во годинашната трка со бикови Сан Фермин, која традиционалнно се одржува во Памплона, соопштија локалните власти. Повредени се петмина Американци, тројца Шпанци и двјаца Французи, јави AFP.

Трката, секоја година привлекува 2.000 тркачи, а трае само три минути, учесниците се облечени во бело, носат срвени марами околу вратот и трчаат низ улиците на шпанскиот град.

Во трката учествуваат неколку бикови, кои се земаат од одгледувачите на стока од Андалузија.
Деветтодневниот фестивал Сан фермин во Памплона стекна слава благодарение на романот на Ернест Хемингвеј од 1926 година „Сонцето повторно се раѓа“.