
Научниците од СЗО велат дека антибиотиците против гонореја ќе станат бескорисни. Истражувања покажуваат дека постојат “многу сериозни информации” во однос на формитe на сексуално преносливи болести, кои се силно резистентни на лекови, пренесува Ројтерс.
Светската здравствена организација соопшти дека три лица во моментов се инфицирани со целосно неизлечиви “супермикроб”, кој се пренесува по сексуален пат. “Гонореја е многу паметна болест. Секој пат кога го користите новиот вид антибиотик, за да го лекувате, таа стекнува отпорност кон него”, рече специјалистот за човечка репродукција Теодора Иу.
СЗО проценува дека 78 милиони луѓе се инфицираат со оваа болест секоја година. Засега во светот има 3 посебни случаи на гонореја, против кои антибиотиците се немоќни. Тие се во Јапонија, Франција и Шпанија. Научниците велат дека има итна потреба од нови лекови и нови методи на лекување, па отпорноста кон достапните медицински средства да биде забавена е можно повеќе.