5 витамини и минерали, кои не треба да ги земате во големи количини

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Советите за тоа какви витамини, минерали и хранливи материи треба дополнително да земате не запираат. Лекарот ви препорачува калциум, витамин Ц, а козметичaркавитамин Е за кожата. Според д-р Лорен Мајта од Американската Академија за антиејџ и регенеративната медицина повеќето од овие апченца не ви требаат. Дознајте кои и зошто ”

1. Калциум
Со години слушаме дека калциумот е корисен и зацврстува коските. Вистината е дека додатоците од калциум може да направат наслаги од бигор на меките ткива и артериите и да предизвика камења во бубрезите и срцеви заболувања, објаснува Мајта.
Телото набававува доволно калциум од млечните производи или храна како зелен лиснат зеленчук, лосос, сардини, бел грав, бадеми и брокула.

2. Витамин Е
Овој витамин е сметан за средство намалување ризикот од кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест и некои видови на рак. Излегува дека тој може и да ја зголеми веројатноста за заболување од некои видови на рак. Според истражувањето, луѓето со висока содржина на витамини во крвта се повеќе загрозени од смрт.

3. Јод
Често лекарите препорачуваат да се зголеми внесувањето на јод. Но тој треба да се зема само под лекарски надзор. Минералните најчесто се поврзува со тироидната жлезда, бидејќи е клучна компонента во произведувањето на хормони, вели Мајта.
“Премалку или премногу јод може да предизвика недоволна активност на тироидната жлезда, позната како хипотироидизам”, објаснува експертот.
Како да дознаете дали ви треба уште јод? Прашајте го вашиот лекар да го мери нивото на јодот во урината, за да се утврди дали се ниски.

4. Железо
Овој минерал помага за формирање на хемоглобин, состојка на крвта, која обезбедува кислород од белите дробови во телото. Железото е исто така неопходно за нормалното клеточно функционирање и синтезата на некои хормони. Сепак, треба да го земате како додаток само кога имате лабораториска потврда за неговата слабост. Повисоките нивоа на железо во телото преоптоваруваат црниот дроб.

5. Витамин Б6
Осумте витамини тип Б, наречени “комплекс”, се од клучно значење за оптимално здравје, и му помагаат на нашето тело да ја претвора храната во гориво и да јё стимулира здрава кожа, меморијата, бременоста и др. Бидејќи витамините од Б-комплекс се присутни во многу храна – особено оние кои се дел од здравата исхрана, како овошје, зеленчук, цели зрна, живина и риба – повеќето од нас ги добиваат во доволни количини и без дополнителни додатоци.

Истражувањата покажуваат дека усвојувањето на адитиви B6 во текот на долг временски период, всушност може да доведе до сериозни проблеми.
“Иако витамин B6 е растворливи во вода и безбеден во препорачаните нивоа зголеменото количество може да е токсично. Високите дози предизвикуваат ненормални сензации во нервите, наречени невропатија “, вели Мајта.