(ВИДЕО) Грчки медиуми: Геј средба и љубомора можна причина за убиството на Американецот на Закинтос!?

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Грчките медиуми објавија претходно оваа ноќ непознато до овој момент видео од кое станува јасно од каде тргнал конфликтот, кој довел до убиството на американскиот турист Бакара Хендерсон на островот Закинтос.

Како што е познато, за скандалозното убиство на еден од туристичките бисери на Грција, се уапсени деветмина, од кои 7 Срби.

Семејствата на приведените Срби тврдат дека властите не ги уапсиле токму двајцата одговорни за убиството и сега се обидуваат да ја пренесат вината врз нивните синови, бидејќи се странци.

“Тие го ставија мојот син во затвор, а тој не направил ништо. Сите наши деца се исплашени и не сакаат да одговараат за нешто за што не се виновни”, вели Ранко Илиќ, татко на еден од уапсените за Катимерини.

“Не можат да ги најдат двајцата кои навистина го извршиле убиството на Американецот, а сега се обидуваат да набедат нашите деца, кои не учествувале во борбата, а некои од нив дури и се обиделе да ја заштитат жртвата”, додава тој.

Од видеото кое грчките медиуми го објавија, станува јасно дека најверојатно станува збор за геј средба поради која и следела љубомората што е причина за убиството. Закинтос е една од најпопуларните дестинации за геј туризмот во Европа.