Застрашувачки црни прстени се појавуваат на небото низ целиот свет, а научниците се борат да го објаснат овој феномен.

Епидемија од злокобни прстени од чад кои се ствараат на небото е окружена со мистерија. Тој застршувачки феномен е наречен чадни вртлози, и се појавуваат на далечни места од руски Сибир до американски Среден Запад, а последниот е забележан во велика Британија.
Надреалната глетка е налик на на сцена од филмот „Доаѓање“”Arrival” од 2016 година, во кој вонземјаните користат кругови за комуникација, пишуваат британските медиуми.
22-годишната Кимберли Робинсон и нејзиното момче 26-годишниот Дени Купер се возеле по британкиот авотпат M62 во близина на Биркеншо кога на небото забележале црни прстени.
„Забележавме црн летачки прстен на небото. Изгледаше како да се работи за чад, но беше во облик на круг. Никогаш порано не сме виделе ништо слично, никој не знае што е тоа “, вели Робинсон.
Пожарната слуѓба од Вест Јоркшир извести дека во тоа време, во недела околу 13.30 часот, на тоа место немало пожари.
Уште еден бизарен прстензабележан е ден порано во американската сојузна држава Мисури. Полицијата верува дека настанал од некаков вид пиротехника, но ловците на НЛО веруваат дека тие чудни прстени се од вонземски бродови кои ја посетуваат нашата планета.
Во април ист таков прстен беше збележан над еден трговски центар во Сибир. Престрашените купувачи велат дека тоа е знак за судниот ден.
Ник Поуп, истражувач на НЛО има друга поприземна теорија:
„Покрај егзотичните теории за НЛО, вонземјани и портали од друга димензија, верувам дека овде постои јасно објаснување. Таканаречените вртлози може да настанат кога има некоја експлозија низ кружна структура како оџак. Тие чудни ефекти може да бидат предизвикани случајно или може да се дизајнирани, направени намерно. Може да се од пиротехнички средства, а добро е да се знае дали на тие места имало некои фетивали на отворено“.
https://www.youtube.com/watch?v=zbo5yjWszRo