
Проектот „Откритие” е лансирана во 1993 год. од докторот на медицинските науки Стивен Грир. Неговата цел е да се откријат најдобрите веродостојни сведоци, кои биле сведоцин на феноменот НЛО и реалното присуство на вонземски цивилизации на Земјата.
Д-р Грир интервјуира над 400 очевидци од целиот свет, повеќето од САД, Велика Британија, Русија, Германија и др. На 8 мај 2001 година во Националниот прес-клуб на САД во Вашингтон е одржан необичен форум. Значајни личности од целиот свет, на чело со д-р Стивен Грир најавија пред светската јавност проектот под називот “Откритие”.
На оваа средба сведочеа вкупно 25 воени, разузнавачки, владини и корпоративни претставници кои биле врзани со НЛО проекти и истраги во изминатите повеќе од 50 години.
Меѓу сведоците беа имињата на следните сведоци: Генерал-мајор Василиј Алексеев од Русија, полковник Двајт Андерсон, полковник Чарлс Браун од ВВС на САД, капетан Роберт Саелс од ВВС на САД, Мерл Шејн Макдау од Атланскиот команда на САД, астронаутот д-р Едгар Мичел од САД и др.
Проблемот при спроведувањето на средбата е дека многу американски институции, на чело со НАСА на секаков начин пречат и го блокираат пристапот до медиумите, за да не се разгласуваат вистините од средбата.
Проектот успеа да открие и докаже дека владата на САД повеќе од 50 години крие не само од американскиот народ, но и од целиот свет кршејќи сведоштва, техника и технологија од вонземски потекло.
Прикривањето на информации, се однесува на системи за движење со антигравитационни мотори, извадени од несреќите на вселенски бродови од вонземски потекло на американска територија.