Секојдневното јадење на домати може да го ограничи за половина развојот на кожен рак кај некои луѓе, покажува истражувањето на американските научници.

Според истражувањето што цели да утврди како прехранбениот режим се одразува на лачењето рак, доматите го намалуваат со просечно 50% канцерогените тумори кај машките глувци. Во исто време, сепак, не се забележува промена кај туморските бази на женските. За да го одржат експериментот, научниците им давале на глувците сушени домати во прав во износ од 10% од дневниот им внес на храна во текот на 35 недели, по што тие биле изложувани на ултравиолетова светлина, пишува научното списание “Сајанс алрт”
Причината поради која најверојатно доматите помагаат, е дека Каротеноидите – пигментирани состојки кои му даваат на доматите нивната боја, штитат од штетното влијание на UV зраците. Претходните истражувања врз луѓе утврдиле дека потрошувачката на домат паста за одреден временски период може да се ублажи кожни изгореници, претпоставувајќи дека тоа повторно се должи на Каротеноидите. Ликопенот, кој е главниот каротеноид во доматите, е најефективниот антиоксиданс меѓу овој вид пигменти. Сепак, споредувајќи ликопен, предаден од природна храна (како домати), или како синтетизирана во исхраната, доматите изгледаат поефикасни при превенцијата на поццрвенувањет по е изложување на UV-зраци, што сугерира дека и други состојки во нив може да се од значење .