
Подводни археолози открија остатоци од осум хеленски бродови, кои датираат од пред илјадници години. Наодите се пронајдени додека тие испитувале во водите околу островите Фурни.
Заедничката грчко-американска експедиција за наоѓала на подводен археолошки локалитет во облизина островскиот архипелаг и досега открила вкупно 53 остатоци од бродови, како и безброј артефакти.
Питер Кембел, кој е еден од лидерите на проектот, смета дека оваа зона во Егејското Море била многу популарна меѓу античките морнари, бидејќи има погодни локации за фрлање на сидро.
Освен тоа кај островите Фурни морнарите ги чувале своитебродовите од опасните северозападно ветрови. Меѓу осумте остатоци од бродови има такви од грчката архаична епоха (525-480 пр.Хр) до раната модерната ера (1750-1850 по.Хр).