Двајца загинати на грчкиот остров Кос во земјотресот што го погоди регион меѓу Турција и грчките Додеканезки Острови во Средоземно Море, пренесе АФП.
Земјотресот се случил ноќеска во 01:31 часот , а интензитет на основниот земјотресот 6,7, имаше афтршок со интензитет над 5,0.
Десетици послаби потреси се регистрирани во регионот и во овиеноќни часови. Епицентарот е на 12 километри јужно од турскиот град Бодрум, огништето е на длабочина од 10 километри . Земјотресот предизвика мало цунами, се наведува во информацијата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Според NBC News., освен двајца загинат има и околу 200 повредени, вклучувајќи 120 во Грција и околу 70 во Турција.
Жртвите се наоѓале на грчкиот остров Кос , потврдил градоначалникот и прецизира дека загинатите се странци.
Се смета дека странците се загинати по уривање на еден бар во туристичкото место.
Некои од повредените на Кос се префрлени во близина остров Родос, каде добиваат медицински третман.
Очевидци објавена за леснaматеријална штета во населби лоцирани во близина на епицентарот.