
Лути поради плановите на владејачката партија да го стави судството под политичка контрола, илјадници луѓе учествуваа во национални протести. Некои демонстранти дури се собраа пред домот на лидерот на “Право и правда” Јарослав Качински и го обвинија дека е диктатор.

Подоцна илјади граѓани се собраа во главниот град Варшава, Краков и други градови, барајќи претседателот Анджеј Дуда да го отфрли законот според кој владејачките ќе преземат контрола над Врховниот суд и судството.
” Сите сме во опасност. Секој граѓанин е во опасност “, рече 32-годишниот писател Томас Громадка, протестирајќи пред домот на Качински.

” Бидејќи тие ставија рака врз судот, сега ќе го сторат истото и со медиумите, ќе покријат се . Но, ние се уште ги имаме улиците. Тоа е нашата власт. Мислам дека треба да направиме се што можеме “, додаде тој.
Многу од демонстрантите потоа се преселија пред Врховниот суд, каде испеаја песната “Imagine” на Џон Ленон и запалија свеќи.
Во последната седмица речиси секој ден има протести во Полска.