5 најубави острови на Галапагос кои го воодушевија и Чарлс Дарвин

од desk2
809 прегледи

Изабела, Фернардина и Еспанола се само некои од прекрасните островчиња на кои туристите доаѓаат да ја видат природата која ја нема никаде на друго место на светот.

Вулканските група острови Галапакос мора да се најде на листата на страсните патувачи во откривање на ремек дела на природата, какао и на животинскиот свет каков што не може да се види никаде на друго место. Мирољубивите острови и островчиња се наожаат на 972 километри од Еквадор, држава на која и политички и припаѓаат, нема поголеми животински предатори па затоа има титула за острови со најмногу автохтони животински видови.

Островите кои се наоѓаат на местото каде се судираат три океански струи го воодушевија и Чарлс Дарвин, британски научник кој таму ги проучувал ендемнските видови и размислувал за теоријата на еволуцијата.

Гачапагос ги привлекува и заљубениците во геологијата затоа што некои острови се врвови на вулкани кои се издигнуваат и до 3.000 метри од морското дно. Фасинантни се вулканските езера, цевките од лава, сулфурните полиња и мешавината од пареа и гасови кои се пробиваат по вулканското тло.

На џиновските желки, заиграните бебиња на морски лавови и пингвините туристите не им пречат, па ако се долучите да патувате таму корисно е да понесете фотоапарат за под вода многу полначи и мемориски картички, затоа што има по нешто на секој сотров.

Плажите со црн или снежно бел песок кои нурнуваат во големото сино, како и вулканските карпи невозможно е да ги заборавите. Нема погрешно време за посета на Галапагос. Од средината на луни со ноември настапува студениот период и сува сезона која е идеална за нбљудување на подводниот и животинскиот свет затоа што има повеќе планктони па рибите и птиците доаѓаат да се хранат.

Албатросите доаѓаат во јуни и остануваат до декември, а пингвините исто така ги привлекува постуденото време. Тогаш плавоногите блуни, со стапала како пераи го играат својот заводнички танц. Топлиот период е поугоден за пливање, но дождовите се почести/

Островот Изабела нуди волшебни моменти за пливање ос морските лавови. Иако на прв поглед Punta Vicente Roca не изгледа примамливо, рај е за нуркачи.

На Фернардина треба да внимавате каде газите, оти на жешките црни карпи легваните кои се речиси иста боја со камењата се претопуваат.

На Еспанола посетителите доаѓаат меѓу април и јуни за да ги видат албатросите како ритуално се парат. Таму е една од најпознатите плажи на Галапагос – Gardner Bay. Блескаво бел песок окружен со тиркизни длабочини нудат мир како ретко каде може да се доживее.

Најголемиот остров и најразвиениот град на галапагос е Санта Круз, најдобра дестинација за набљудување на џиновските желки, како и посета на истражувачкиот центар на Чарлс Дарвин.

Пинакл Рок на островот Бартоломе е омилено место за фотографирање, Таму одат нуркачи, а и за да ги видат дивите пингвини.