Вчера утро со брза помош во струмичката болница екс директорот на БЈБ, Митко Чавков доживеал срцев удар,по што бил донесен на скопска кардиологија објавија повеќе медиуми повикувајќи се на вработени од болницата.

Информацијата неофицијално е потврдена од Клиниката за кардиологија во Скопје, каде неофицијално му била извршена операција и му бил поставен стент, напиша Мактел. Според информациите на Либертас, Чавков попладнето бил префрлен во болницата Систина на опоравување.