Германскиот возач Себастијан Фетел утре ќе тргне од првата позиција во освојување на Големата награда на Унгарија.

Возачот на Ferrari на денешните квалификации на Хунгароринг беше најбрз и го собори рекордот на патеката. Најпрво на слободниот тренинг го собори 13 години стариот рекорд на Рубенс Баричело, а во квалификациите постигна време од 1.16.276.
Како втор ќе настапи неговиот тимски колега Кими Раиконен, а во вториот стартен ред се возачите на Mercedes. Валтери Ботас е трет, а Луис Хамилтон четврт.
Трката за големата награда на Унгарија се вози утре од 14 часот.