Ракот е создаден од човекот!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Ракот е модерна, создадена од човекот болест од  фактори на животната средина како загадување и неправилна исхрана, тврди истражување на научниците од Универзитетот на Манчестер, пишува Physorg.

Студијата на остатоци и писмени сведоштва од древниот Египет и Грција, како и од претходните периоди, извршени од страна на Центарот за биомедицински Египтологија во Манчестер е објавено во списанието. “Нејчр”.

Тоа ја вклучува првата хистолошка дијагноза на рак во египетска мумија. Наоѓање на само еден случај на болеста при истражувањето на стотици египетски мумии, со оглед и многу реткото нејзиното спомнување во писмените извори покажува дека ракот  исклучително ретко се среќава во антиката.

Болеста фактички започнува офанзива по почетокот индустриската револуција, особено ракот кај децата. Ова докажува дека порастот на ракот не се должи само на зголемената животен век.

Проф. Дејвид Розали од Факултетот за науки за животот во Манчестер вели: “Во развиените општества ракот е на второ место по кардиоваскуларните заболувања како причина за смрт. Но во антиката тој многу редок и  смртоносен. Нема ништо во природната средина која може да предизвика рак. Значи останува тој да е болест создадена од човекот, поврзана со загадувањето и промените во нашето исхрана и начин на живот. ”

Според Розали “Најважно нешто во нашето истражување е дека тоа ја внесува оваа болест во историска перспектива. Така може да се искажуваат оправданото  тврдења за процентите на онкозаболувањата во различни општества.”

Податоците вклучуваат првиот хистолошки дијагнози на рак во египетските мумии од проф. Мајкл Цимерман, гостин-професор од Манчестер. Тој дијагностицира рак на ректумот во неименувана мумија, “обичен човек”, кој живеел во оазата Дакле во ерата на Птоломеј (200-400 година пр.Хр). Во антиката немало развиена хирургија, затоа пратите од рак би требало да останат во сите случаи. Недостатокот на тумори во мумии треба да се толкува како знак за нивната реткост во антиката.

Трагите од рак во животински фосили, примати и примитивните луѓе се оскудни – неколку десетици, и тоа  главно спорни.