Цел август забава

од desk3
230 прегледи

Главниот град во наредниот период ќе биде центар на случувањата, а Супер купот, Пивофест, „Супер Скопје“ се само дел од настаните на кои ќе можат да уживаат жителите и посетителите на Скопје.  Следи одлична забава и голем број на настани  во август и дел од септември, секој викенд (петок и сабота) на различни локации ќе се одржат голем бројна концетри и други културно-уметнички настапи.

Супер Скопје ќе започне на 7 август, со отворањето на 10-то јубилејно издание на Пиволенд, каде и оваа година на Скопското кале сите ќе може да уживаат во одлично пиво, скара и музичка програма. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд е белградскиот состав С.А.Р.С кој ќе настапи на 12 август во сабота.

На 18 и 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало.