Што се случи со проектот тежок 4,6 милиони евра? Пари за медиумска пропаганда на ВМРО одработена во Хрватска или серија за фабрикувана историја се дилемите на истражувачката строрија на Макфакс.

Додека скопскиот асфалт се топи на превисоките температури и секојдневно се создава нова историја, во филмските кругови се крева прав за најавата за почеток на снимањето на обемна серија што треба да опфати извесни епохи од досегашната македонска историја. Се бараат продукции што ќе бидат вклучени во снимањето, за кое носител на главната продукција е хрватскиот продуцент и режисер Винко Грубишиќ, кому македонската Агенција за филм пред две години му одобрила неверојатни 4,6 милиони евра за одработка на 130 епизоди од серија што ќе визуализира повеќе епохи од нашата историја.
Очевидци тврдат дека Грубишиќ често го посетувал Министерството за култура непосредно пред заминувањето на министерката Елизабета Канческа-Милевска.
„Речиси секојдневно доаѓаа во Министерството за култура заедно со директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓорѓоска-Илиевска, Грубишиќ и Милевска. Бевме изненадени зошто овој хрватски продуцент доаѓа во Скопје, а домашната филмска фела не знае многу за тоа“, ни рече македонски продуцент кој сака да остане анонимен.
Ова ни го потврдија и службеници во Министерството за култура, што биле сведоци на заедничките кафиња на оваа тројка.
Во обид да дознаеме нешто официјално за овој проект тежок неколку милиони, а во кој е вклучен човек за кого во Хрватска неговата фела докажуваше сериозни криминали, ѝ се јавивме на директорката на заминување Илиевска. По неколкудневно инсистирање, таа одговори „средства за ова се одобрени, а не се исплатени“. Иако ни вети дека ќе имаме средба за подетални информации, таа не се согласи на тоа.

Не одговори ниту какво сценарио пресудило да му се доверат милиони на Грубишиќ, ниту кој би бил режисер, ниту како е направен превид во протоколот на законите за филм кога треба да се снима серија.
Имено, за работа на серија е потребно да се сними пилот-епизода, а кога станува збор за содржина од историски карактер, таа мора да подлежи на рецензирање од историчари. Но, во изминатите години од оваа институција протокот на информации е нетранспарентен, освен кога се работи за афирмативни настани (успеси, награди, фестивали).
Стравот да се зборува јавно за ова, како и големата мистериозност во доверување информации нè наведе приказната подетално да ја истражиме и да се вратиме две години наназад кога е склучен овој договор, спорен во секој поглед.

Трагата води во Хрватска
Интернет-пребарувачот за името на Грубишиќ исфрла неколку написи во кои се пишува за македонската серија за која тој ги добил овие средства. Хрватски колеги ни рекоа дека, познавајќи ја работата на човекот познат како голем пропагандист и ПР-човек на десничарската ХДЗ од времето на Фрањо Туѓман, не е изненадувачки ако овие средства ги добил за иста цел од нашата десница“.
„Грубишиќ е контроверзен човек, кој има големо влијание во медиумите во Хрватска. Можно е да одработил медиумска пропаганда, за која ни е познато дека наплатува многу, а исто така има медиуми расположени да ги зголемат сметките“, ни рече колега од Хрватска од еден влијателен загрепски неделник.
Пребарувавме и во медиумите и, изненадувачки, токму во овој период извесни хрватски медиуми пишуваат значајни написи за политиките на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и за претседателот Ѓорге Иванов.
Хрватски „Национал“ ( на 15.3.2016) пишува, „Грубишиќ допатувал од Македонија во нивната редакција за да ја демантира веста дека е поврзан со 4,6 милиони евра и дека зад таа информација стои Хрвоје Хрибар, претседател на хрватскиот аудиовизуелен центар, човек кој во континуитет зборуваше за криминалите во филмската дејност во Хрватска каде што често се спомнуваше името на Грубишиќ“.
Но, зачудувачки, во Македонија повиканите не ја демантираа оваа вест.
(…)
Проектот договорен зад затворени врати
Како многу филмски проекти во најава, во кои требаше да се толкува македонската историја (најави за снимање филм за цар Самуил), така и за овој одлучувале комисии во Агенцијата за филм.
(….)
Неодамна, во редакцијата добивме информација дека Грубишиќ имал средба и со новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, но тој ни рече „не е точно“, и немаше никаков коментар за овој случај.
(..)
Се навестува дека има обиди дел од документацијата да исчезне.
Целата сторија на Ана Василевска- МАКФАКС тука