Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ потврдил дека преку менаџерот преговара со славната актерка Џулија Робертс, но и дека негова желба е во филмот за династијата Кариќ, него да го игра прославениот Мел Гибсон, пишува српски „Курир“. Кариќ ѝ понудил на холивудската глумица Џулија Робертс улога во филмот за неговото семејство, што сè уште е во претпродукција, пишува српски „Курир“.

Сепак, тука не се завршува списокот на имињата на холивудските ѕвезди што семејството Кариќ со задоволство би ги ангажирале.
– Миланка повеќе би сакала да ја игра Катрин Денев или Шерон Стоун, жените што нè сакаат нас Србите – рекол Богољуб Кариќ.
„Сопругата на Драган, Хафа, би ја глумела Пенелопа Круз, а Славица, сопругата на Сретен – Кетрин Зета Џонс. Постои идеја мене да ме глуми Мел Гибсон. Тоа ќе биде фантастичен филм каков што не е виден во Европа.Темата е динамична и интересна, а преговорите со актерите ги водат менаџерите.“
Доколку не ја глуми Миланка, довчерашната гостинка од Холивуд Џулија Робертс би можела да ја игра снаата на Богољуб, Маријана Кариќ, сопругата на неговиот брат Зоран. Спојката помеѓу холивудските ѕвезди и членовите на семејството Кариќ е токму еден од членовите на ова семејство, филмскиот продуцент Симон де Кариќ.
Идејниот творец на проектот Богољуб неодамна го најави снимањето на документарно-играниот филм за семејната компанија што во Србија работи половина век.
Тој тогаш рекол дека актерите ќе се „тепаат“ за главната улога, односно кој ќе го игра. За буџетот на филмот издвоени се пет милиони евра, но имајќи предвид дека амбициите на семејството Кариќ се големи кога станува збор за актерите, ќе им бидат потребни многу повеќе пари.
Дел од филмот, во кој, ако се суди по сегашните најави, ќе бидат ангажирани и домашни и странски актери, ќе се снима, наводно, на Косово, од каде што потекнува семејството Кариќ, но и во Русија, каде што, исто така, има бизнис неколку децении.
Семејството Кариќ важи за едно од најбогатите во Србија. Тие беа мнозински сопственици на првата компанија за мобилни телефони во земјата, „Мобтел“ и имаат деловни врски со руски конгломерати.
Холивудската ѕвезда Џулија Робертс минатата седмица престојуваше во Белград заедно со своето семејство. Се шпекулира и дека нејзиниот сопруг, сценаристот и режисер Даниел Модер, работи на проект во Белград.