Климатските промени носат смртна закана и ризик за здравјето на 350 милиони луѓе во 31 држави.

  Генерално поврзани со времето катастрофите се очекува да им го одземат животот на 152 000 луѓе годишно во Европа помеѓу 2071 и 2100 година На пример, во периодот 1981-2010 годишно се регистрирани 3.000 смртни случаи поврзани со природни катастрофи.

Истражувачите откриле дека 99% од идните смртни случаи поврзани со времето, ќе бидат резултат на топли бранови , бидејќи можат да доведат до зголемување на срцевите заболувања, мозочен удар и респираторни заболувања.

Прогнозите се Јужна Европа да биде погодена најмногу од топлотни бранови и суши. Речиси секој кој живее во Италија, Грција, Хрватска, Кипар, Малта, Португалија и Словенија ќе биде засегнат од природни катаклизми , како ќе има 700 смртни случаи на 1 милион луѓе годишно.

За споредба еден на тројца ќе биде засегнат секоја година во Северна Европа – Данска, Исланд, Финска, Норвешка и Шведска.

Смртните случаи при крајбрежни поплави ќе нараснат од шест на 233 до крајот на векот . 138 милиони луѓе пак ќе бидат погодени од суша.

Претходните студии го покажуваа растот на населението, урбанизацијата и миграцијата како причини за ризик од природни катастрофи.