(ВИДЕО) Погледнете како Путин фаќа риба штука додека нурка под вода!

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Прес-службата на рускиот претседател Владимир Путин објави фотографии на подводниот риболов на кој учествуваше и шефот на државата. Риболовот се случи во Република Тува. Пред тој да влезе да нурка во водата, претседателот ја слушаше деталната инструкција од искусните рибари. Путин успеал го фати штука, која се смета за умна и итра риба.

Рускиот претседател ја посети Тува како дел од своето патување кон Далечниот Исток. Во Јужен Сибир тој престојуваше од 1 август до 3 август. Овој пат тој се посветил на активна рекреација – со подводен риболов, возење мотоцикли и моторни чамци, како и пешачење.