
Во Библијата пишува, “Големата апокалипса” навестува уништувањето на човекот и сиот живс свет.
Крајот на светот ќе дојде за неколку недели, ако се верува на љубители на теории на конспирација. Христијанскиот нумеролог Дејвид Мид повторно предупреди за можноста огромната мистериозна планета Нибиру да се судри со Земјата.
Според неговата теорија, претстојното затемнување на месецот е сигнал дека планетата, која никогаш не била забележана од страна на научниците, ќе се удри со нашата. Мид за својата теза користи неколку пасуси од Библијата.
И покрај недостатокот на докази за скриениот свет, за кој НАСА изјави дека е интернет измама, многумина веруваат во постоењето на мистериозната планета. Нибиру, позната како планетата Хикс, се очекува да го уништи светот од 2003 година, па наваму.
Претходно оваа година Мид изјави дека Нибиру ќе се судри со Земјата во октомври, откако ќе биде турната кон нашата планета поради гравитацијата на “бинарната ѕвезда”. Според него, планетата тешко дека ќе се забележи поради аголот под кој таа се приближува кон Земјата.
Сега нумерологот го поместување датумот за крајот на светот напред, тврдејќи дека “Големата апокалипса” ќе биде предвесник на доаѓањето на планетата. На 21 август, пред апокалипсата, Американците ќе видат на небото целосно затемнување на Месечината.
По затемнување огромната планета ќе се појави на хоризонтот и ќе се удри во Земјата и ќе го збрише човештвото од лицето на планетата, пишува Daily Star. Тој исто така поставува и неколку теории во поддршка на своите тврдења.
Прво, тој ја посочува Глава 13 од Стариот Завет на Исаија, во која се вели: “Денот на Господ доаѓа – суров ден исполнет со жесток гнев – за да ја уништи земјата и грешниците на неа. Ѕвездите на небото нема да ја покажат својата светлина. Изгрејсонцето ќе биде затемнето, а светлината на месечината нема да се гледа “. Според него, има и голем број на совпаѓања на бројот 33, кои укажуваат дека Апокалипсата е близу.