Група истражувачи од Јапонија смисли сладолед што не се топи, кој поради тоа е идеален за високи температури.

Со помош на полифенолот од јаготките научниците од Центарот за истражување за развој на биотерапија во јапонскиот град Каназава направија сладолед кој не се топи.
На ова откритие му претходеше настојувањето да им се помогне на фармите со јаготки во случај да дојде до природни катастрофи. Тие замолиле готвач да емспериментира со полифенолот, екстракт од јаготки. Откако готвачот се пожалил дека слатката павлака се стврднува кога ќе и се додаде полифенол, сфатиле дека маслото и водата поради полифенолот не може да се разложат. Благодарение на таа состојка направиле сладолед кој не се топи.
„Сладоледот што ја содржи оваа состојка го задржува оригиналниот облик подолго од обичниот сладолед“, вели шефот на истражувањето на тимот Томихиша Ота.
Локалните новинари го пробале сладоледот и го држеле на сонце на температура над 28 степени, а тој и по три часа останал во ист облик.
Производството на сладолед кој не се топи почна во цела Јапонија, а ова задоволство чини 4,5 долари.