Деновите пред одржувањето на натпреварот и на денот на натпреварот безбедноста на граѓаните и сите учесници не била загорзена и не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„ Приведени се 14 лица од кои шест странски државјани и осум македонски државјани. Еден странски државјанин е повикан да даде исказ пред јавен обвинител бидејќи бил купувач на билет во случај на препродажба на билети“, рече Спасовски.
Регистрирани се три случаи на препродавање на билети за Суперкупот од страна на тројца странски државјани (двајца англиски и еден српски државјанин) и двајца македонски државјани, за кои во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело ,,недозволена трговија“ став два од Кривичниот Законик. Потоа недозволена продажба на шалови со натписи на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед од страна на двајца македонски државјани, на кои им е издаден записник за прекршок по Законот за трговија. Регистриран е и случај на спречување на службено лице во вршење службено дејствие од страна на вработен во Агенцијата за разузнавање.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заблагодари на сите вработени во МВР кои дадоа придонес за организацијата на натпреварот од Супер купот на УЕФА меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид да помине во најдобар ред, се заблагодари и на Владата ги исполни барањата на УЕФА, а уати и благодарност за одличната соработка со ФФМ и УЕФА.