Уловена ајкула поголема од 2 метри кај Будва

од desk2
92 прегледи

Ајкула долга 220 см уловена е вчера кај островот Света Недела во близина на Будва, Црна Гора.


На Facebook страницата на Подгорички времеплов објавени се фотогафии од ајкулата, кои привлекоа големо внимание, но причини за паника нема. Се работи за сина ајкула или модруља како што ја нарекуваат на Јадранот.

Оваа ајкула покрај својата големина не претставува опасност за човекот затоа што се храни со лигњи.
Живее на отворено море, о може да се види и во близина на брегот. Го населува Средоземно Море, но и Атланскиот Океан, покрај европскиот брег на северот кај Норвешка. Во ретки случаи може да биде опасна по луѓето.