Американскиот претседател Доналд Трамп на својот Twitter профиил објави дека военото решение е подготвено, а оружјето наполнето во случај Северна Кореја да преземе глупав потег.

„Потполно сме подготвени за воена акција, а оружјето е наполнето во случај Северна Кореја да делува непромислено. Се надевам дека Ким Јонг Унн ќе пронајде друга солуција“, порача Трамп на Twitter.
Само неколку часа порано американскиот минстер за одбрана Џим Матис призна дека војната со Северна Кореја би била катастрофална.
„Војната е добро позната трагедија, нема потреба да се црта, таа би била катастрофална“, порача Матис, додавајќи дека негова одговорност е да ги подготви воените опции ако биде потребно, но дека САД заговара дипломатски пристап кон севернокорејската закана дека ќе испали ракети кон американската теорија, островот Гуам, во Тихиот Океан.