Биг Бен се обновува, нема да работи во следните четири години

од desk2
114 прегледи

Британскиот симбол Биг Бен ќе престане со работа во следните четири години додка траат работите за негова реставрација.
Славната кула од 19 век се наоѓа во близина на британскиот парламент во Лондон.


„Прекинот на работата на биг бен е значајна фаза во овој значаен проект на конзервирање“, наведува Стив Џагс, чија официјална титула е чувар на големиот часовник, во изјавата во парламентот во понеделник.

Тоа ќе биде најдолг период за Биг Бен, да престане со работа во својата 157-годишна историја.
Големото ѕвоно, популано наречено Биг Бен, тешко е 13,7 тони и секој час отчукува со нотата Е. Четирите помали ѕвона исто така отчукуваат на секои 15 минути.

Последното ѕвонење ќе биде во 12 часот на 21 август, наведуваат во соопштенито.
Часовникот тивко ќе го покажува точното време до 2021 година, а ѕвоната ќе продолжат да ѕвонат при секоја официјална прилика, како што е Нова година.

Кулата на Елизабета, која е висока 96 метри, е најфотографираниот објект во Британија.
Комплетниот објект се нарекува Биг Бен, иако тоа е име се однесува само на ѕвоното.
Се проценува дека работите на Биг Бен ќе чинат 29 милиони фунти.
Поради фактот што часовничкиот механизм ќе биде надвор од функција извесно време модерни електромотори ќе ги движат сказалките.

Парламентот соопшти и дека некоја од страните на часовникот ќе биде покриена додека трае обновата.
„Сепак, за јавноста да може да ги подесува своите часовници според овој најважен мерач на време, една стрна секогаш ќе биде откриена“, соопшти парламентот.