Филмот „Заслепувачка светлина на зајдисонцето“ со проекција на МакеДокс

од Vladimir Zorba
139 прегледи

 

Денеска на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“, пред Куршумли ан во 20 и 30 часот, ќе биде прикажан грузискиот филм „Заслепувачка светлина на зајдисонцето“ на режисерката Саломе Јаши.

Во програмската селекција „First lights“  на Меѓународниот фестивал за документарен филм „Јихлава“ кој се оддржа во Чешка минатата година, Јаши се закити со наградата за најдобар дебитански филм.

Вечерва, дел од кино проекциите се и кратките филмови „Дигитални доселеници“ на Норберт Котман и „Цуцли“ на Ксавиер Марадес./ВК