Илиевски: Во Србија има лажна слика за Македонија

од desk2
170 прегледи

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија Горан Илиевски за ТВ Н1 изјави дека во Србија има лажна слика за Македонија, а дека на премиерот Зоран Заев не може да му се стави на товар нешто што го направила претходната влада.

Тој оценува дека медимите во Србија се тенденциозни кон македонскиот премиер.

„Новинарството во Србија падна на многу ниски гранки, ова е политички маркетинг кој зема големи размери“, вели тој. Смета дека Србија сама мора да го реши проблемот со Косово.

„Дали пред три дена некој објави дека Македонија не гласаше за прием на Косово во светската организација на студенстката универзијада, а Кина и Русија гласаше за“, рече Илиевски.

„Верувам дека денеска постигнатиот договор меѓу Заев и (српскиот претседател Александар) Вучиќ е искрен и без тајни и скриени намери. Соработката меѓу Македонија и Србија се одвива со векови и тоа пријателство не може да го наруши актуелната политичка затегнатост во Србија“, оценува Илиевски.

Тој вели дека со две работи се согласува со српскиот претседател Александар Вучиќ, кога по првата средба изјави дека Заев е чесен, искрен и честит човек и второ дека народот на Македонија не гласаше за признавање на Косово, туку дека тоа го сторија политичките структури кои тогаш беа на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ го призна Косово, во коалиција со Демократската партија на Србите, која не излезе од коалицијата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гласаше и за прием во УНЕСКО“, вели Илиевски.

„Регионот мора да соработува. Ако не бидеме пријатели, не можеме да одиме напред“, оценува Илиевски.