
Македонскиот шампион Вардар се пласира во фазата по групи во Лига Европа. Ова е историски успех не само за клубот туку и за спортот во земјава. Вардар е прв тим од Македонија кој ќе игра во натпреварување на УЕФА. Со ова шампионот на Македонија ја наполни и клупската каса, по триумфот над Фенербахче во плеј-офот во Лига Европа, Вардар ќе инкасира најмалку 2,6 милиони евра/
Четата на Јаневски вечера триумфираше во Истанбул, против Фенербахче пред 40.000 гледачи со 1-2.
Во првото полувреме работите се одвиваа како што треба. Го издржа составот предводен од Чедомир Јаневски притисокот на првите 45 минути без примен погодок. Домаќинот имаше неколку несериозни закани, а пред крајот на првото полувреме Хамбарџумјан ја погоди стативата двапати во серија, тоа беше и најзрелата шанса на натпреварот на само неколку минути пред крај на првото полувреме. Впечатокот беше дека домаќинот доминираше, но црвено-црните беа поблиску до водство.
Вардар успеа да се одбрани 60 минути во Истанбул. До водство од 1-0 на реванш дуелот од плејофот за пласман во Лигата Европа Фенербахче дојде преку голот на дефанзивецот Роман Нојштатер кој и донесе водство на својата екипа. Но радоста кратко траеше. Вардарци израмнија на 1-1 преку Џигуари. Од овој момент Вардар го диктираше темпото. По неколкуте неискористени шанси, пресвртот го донесе Глигоров по асистенција на Барсегјан за конечни 2-1 или вкупни 4-1 против турскиот гигант и пласман во ЛЕ. До третото коло во квалификациите Вардар дојде откако беше елиминиран од Копенхаген во квалификациите за ЛШ.
Ждрепка ќе се одржи денеска во 12 часот и Вардар ќе ги дознае противниците за групната фаза.