ВМРО се пребројува- се по(т)пишуваат гласачите за избори

од Vladimir Zorba
120 прегледи

 

Иницијативата за собирање потписи во секое населено место против населувањето мигранти, кои не постојат, е всушност иницијатива за пребројување на сигурните гласачи на партијата пред претстојните локални избори.
Ова е веќе испробан метод од времето кога се собираа потписи во 2005 година за распишување референдум против новата територијална поделба на општините.
Сите што се потпишуваат оставаат свое име презиме адреса на живеење и број на лична карта, па во време на кампања секој од потпишаните се повикува да излезе и да гласа за каузата на партијата.
Овој метод е и одлична алатка за контрола и увид во работата на секое од општинските раководства на партијата но истовремено и за вршење притисок врз оние што не се потпишуваат а добиле некаква услуга или привилегија од партијата. Односно за обележување на неподржувачите и на неопределените.
СДСМ не треба да ја потценува таквата мобилизација за “одбрана од мигрантите” и можеби треба да почне да собира потписи за распишување на референдум за формирање на посебно судско одделение кое ќе ги суди обвинетите од СЈО или референдум за забрана за користење на историското име ВМРО во името на било која партија. Така и СДСМ ќе ги мобилизира целосно своите активисти на теренот.

Фејсбук статус  Ѓорѓи Спасов