Експертите од Институтот за истражување на спиењето во Лос Анџелес тврдат дека една од главните причини за несоницата е нарушената терморегулациja, пишува сајтот Лајф.
Повеќето луѓе се будат ноќе, бидејќи се прегреваат. Да се откажеш од ќебето е тешко, а полесно е да се лишиме од ноќница или пижами. А кога ќе го подобриме сонот, шансите да заболеме од дијабетес и да имаме проблеми со срцето стануваат помали.
А, како да се радуваме на долг и длабок сон?
Само како спиеме голи. Ова е корисно за машкото здравје. Истражување од 2015 година покажа дека мажите кои сакаат да имаат генерација, е добро да се откажат од долната облека во текот на ноќта.
А студија од 2014 година покажа дека колку помалку долна облека има меѓу заспаните сопружнички двојки, толку тие се чувствуваат посреќни. Сонот без облека помага за намалувањето на кортизол – хормонот на стресот, а исто така го стимулира производството на мелатонин – хормонот на сонот.