Албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска е домаќин на премиерите од регионот во Драч, не се откажа од својот дрес-код. Тој ги пречека високите гости во патики.

На заедничката фотографија со гостите, меѓу кои македонскиот премиер Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ и еврокомесарот Јоханес Хан, Рама носеше бели патики.

Рама, кој учествуваше на Самитот на Американско-јадранската повелба во Подгорица, пред извесно време го немаше на таканаречената фемили фотографија со Мајк Пенс, а и тогаш тоа се случило поради фактот што Рама дошол во бели патики.

Инаку, Рама во последно време зачести со лежерниот стил на облекување на официјални настани, па така на вечерата со шефот на европската дипломатија Федерика Могерини се појави во тренерки, а на самитот на западнобалканската шестка во Трст дојде во адидас бели патики.