Меси промаши пенал, па даде два гола за триумф на Барселона над Алавес

од desk2
132 прегледи

Во рамки на второто коло на шпанската Ла Лига Барселона гостуваше кај Алавес во Виторија и славеше со резултат од 2:0.


Барселона можеше да поведе во 39. минута, кога судијата досуди пенал, но шутот на Меси од белата точка го одбрани Пачеко.

Очигледно Меси се налути по промашениот пенал, па постигна два гола во 55. и 66. Минута за победа на Барселона со 2:0.

Меси можеше да постигне уште еден гол, но во 74. минута топката по неговиот удар од 20 метри ја погоди пречката.