
Дури и на оние кои редовно се сончаат може да им се случи да изгорат на сонце. Можеби сте заборавиле да се намачкате доволно добро по телото или сте заборавиле да ја нанесте кремата повторно по неколку часа. И сега, откако кожата в чеша и таа е црвена имате потреба од брз лек. Нема потреба од скапи производи, може да користите еден вкусен летен плод. Тоа е нашата омилена лубеница.
Прво да јадете неколку парчиња кои ќе ви помогнат да ја хидрирате кожата. Потоа земете парче од лубеницата и втријте на изгорените делови од телото, соопштува “Ај Воман”. Зошто функционира? Бидејќи има висока содржина на вода и ликопен, моќен антиоксидант кој има силно хидратантно дејство и е ефикасен за намалување на воспалението од сонцето.