Научниците наидоа на ембрион на диносаурус!

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Ембрион на неродено диносаурусче бил откриен во остатоците на утробата на ихтиосаурус, кои биле пронајдени уште во 90-тите години на минатиот век во британското грофовијата Сомерсет. За оваа информација се говори во студијата на група британски и германски научници, пишува TAСC.

Според нивните откритија ембрионот на морскиот диносаурус е не поголем од 7 см, но сепак во него се забележуваат знаци на иден скелет – пршлени, ребра, нокти и други елементи на коскената структура. Според зборовите на Свен Захс, истражувач од Музејот на природна историја на германскиот град Билфелд, фосилот на древното животно треба да бидат истражени многу внимателно, бидејќи може да биде прескокнат некој многу важен детал како овој ембрионот од Сомерсет.

Женскиот рептилен скелет, кој беше повторно прегледан, е долг 3,5 метри. Тој е приближно 200 милиони години стар, во времето во кое живееле ихтиосаурусите и се совпаѓа со почетокот на периодот Јура. Според истражувачите, oткриениот ембрион е трет случај во историјата.