(ВИДЕО) Интервју со Ѓорѓи Лазаревски – невидливиот херој на УБК зад бомбите

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Прв се охрабри тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Првата политичка „бомба“ пукна на 09 февруари. Јавноста слушна за масовни злоупотреби на државата за лични и партиски цели во размери кои беа застрашувачки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја веќе воспоставената спрега помеѓу извршната власт и судството поведе случај против сите инволвирани во протекувањето на прислушуваните материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање, како и против Заев и поранешниот директор на УБК и во тоа време дипломат во Рим, Зоран Верушевски.

Но, кои се вистинските дојавуачи на корупција и криминал или, популарно свиркачи? Обвинети беа и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски од УБК. Тој беше човекот кој работел во службата, ги сведочел масивните злоупотреби на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.

НОВА направи ексклузивно интервју со најпознатиот свиркач во Македонија. Погледнете го кусиот видео осврт.

Целото интервју можете да го погледнете на НОВА на следниот линк.