Историски пробив во лекувањето на ракот!

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Во САД го одобрија првото лекување со помош на репрограмирање на клетки од имунолошкиот систем на пациентот кои го напаѓаат ракот на крвта. Агенцијата за контрола на храна и лекови, најави дека одлуката е “историски момент” и “преминување на нова граница” во медицината.

Терапијата со “жив лек” на компанијата “Новартис” чини 475 000 долари. Нејзината примена врз 63 болни од акутна лимфобластна леукемија дале позитивен резултат кај 83% од нив. “Живиот лек” е дизајниран за секој поединечен пациент.

Иновација наречена CAR-T, претставува прибирање на бели крвни зрнца од крвта на пациентот. Потоа се подложени на репрограмирање на гените за да се бараат и убиваат клетките на ракот.
“Убијците” се враќаат назад во пациентот со цел да ја најдат нивната цел и при тоа тие да се размножуваат. Лекарите, исто така, предупредуваат за несакани ефекти, кои може да се контролираат со традиционалните лекови. Научниците веруваат дека терапијата има иднина за други видови на рак на крв, пишува бугарскиот весникот Труд.