СДСМ полека ги открива кандидатите за градоначалници

од desk3
186 прегледи
На претстојните локални избори на 15 октомври за  општина Кисела Вода, СДСМ ќе го кандидира Филип Темелковски.  Темелковски веќе 4 години е претседател на општинската организација на СДСМ. За Штип битката за градоначалничка позиција ќе ја води потпретседателот на партијата и пратеник во Собранието, Благој Бочварски. Кандидатурата за градоначалник, Бочварски ја објави на својот фејсбук-профил.  
„Ќе бидам идниот градоначалник на Штип, а градот ќе биде вистински центар на Истокот и најубавиот град во Македонија. Мојот предизвик е да ги обединам сите граѓани, без разлика на партиската и етничката припадност“, напиша Бочварски.
Станува се поизвесно дека во Охрид кандидат на партијата на Зоран Заев ќе биде професор Д-р Јован Стојаноски. Оваа одлука иако сеуште не е официјално потврдена е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Овај избор за многумина не е изненадувачки бидејќи професор Стојаноски доби најголема доверба на внатрепартиските избори кои партијата ги спроведе уште во февруари оваа година.Инаку Д-р Јован Стојаноски покрај тоа што е професор со долгогодишно искуство на ФТУ во Охрид , тој се истакнува и како долгогодишен политичар од редовите на СДСМ. При Локланите избори во 2013 та беше носител на листа на советници во Охрид.
СДСМ го откри и кандидатот за градоначалник на скопско Арачиново, таму битката ќе ја бие Мелитие Халими. Таа за медиумите изјави: „Голема одговорност е тоа што сум назначена како кандидатка за Арачиново, и голема одговорност е бидејќи сум прва жена која ќе се “трка“ за оваа позиција. Се надевам ќе ја добијам довербата на моите сограѓани за да ги реализираме проектите кои ги вети самиот премиер“.
 За градоначалнчката фотеља на  Скопје многу шпекулации. Од партиски првенец до непартска високоинтелектуална личност со регионални размери, која очекуваат сепак да го згази долгогишниот Коце Трајановски кој се заседна во градоначалничката фотеља и се амбциира и за трет мандат.  Сепак засега се молчи и не се откриваат картите од раководството на СДСМ.