Трета последователна победа за осминафиналето за Шарапова во Њујорк

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Марија Шарапова се пласираше во осминафиналето на Ју Ес Опен, откако ја  надигра претставничката на домаќините Софија Кенија со 7-5, 6-2.

Таа во следното коло ќе игра против Анастасија Севастова. На мечевите одиграни синоќа на терените на „Флешинг Медоу“ победи во женска конкуренција постигнаа уште: Венус Вилијамс, Петра Квитова, Стефани Слоунс и Гарбине Мугуруза.

Кај мажите во меч од 3.коло непријатно беше изненаден шампионот на УС Опен од 2014 година Марин Чилиќ од Хрватска, кој загуби од Диего Шварцман од Аргентина со 3-1 во сетови, иако поведе со 1-0. Резултат по сетови: 4:6; 7:5; 7:5 и 6:4. Хрватскиот тенис „немаше свој ден“ бидејќи елиминирани беа и Борна Чориќ (кај мажите) и Дона Векиќ (кај жените).

Осминафиналисти во машка конкуренција станаа уште: Кевин Андерсон, Денис Шаповалов, Миша Зверев и Сем Квери.