Косовскиот претседател Хашим Тачи побара од владата во Приштина да испрати финансиска помош на Тексас за санирање на последиците од ураганот “Харви”. Тој рекол дека треба тоа да се направи во знак, како што наведе “благодарност” поради американската помош на косовските Албанци 1999 година. Премиерот Иса Мустафа, меѓутоа, веднаш му забележа на Тачи што такво барање изнел преку – Фејсбук. 
Како што пренесе сајтот Коссев, Тачи во пораката на Фејсбук “повикува и бара” косовската влада да одвои најмалку 100.000 долари помош, свесен како што наведува дека таа сума е “симболична” но како што тврди во склад со “вековната традиција”.
Тој исто така кажа дека “заедно со граѓаните на Косово, со загриженост и боlка, “ја следи состојбата во Хјустон и дека иако Косово има проблем со сиромаштијата, “косовскиот народ е солидареn и никогаш нема да ја заборави помошта на американскот народ за Косово во текот на последната војна”.
Иса Мустафа, во својата реакција, кажа дека тој како премиер смета дека “судбината на жртвите, како и милион раселените во Хјустон e болна и серозна ” и токму затоа ” помош може да даде и Косово “.
Тој меѓутоа, додаде дека “за ова прашење претседателот (Тачи) не би требало да комуницира со владата преку Фејсбук, туку преку официјални акти, почитувајќи ја летигимноста”.
Гувернерот на Тексад Грег Абот штетата од ураганот “Харви” ја процени меѓу 150 и 180 милијарди долари, пренесоа саветските агенции.