10 совети за успешен старт на новата учебна година

од Vladimir Zorba
104 прегледи

По традиција во почетокот на септември, споменот за лежерниот и пријатен одмор, нагло  згаснува во позадина на септемвриската треска. Онака кажано: “Ужас! 1 септември се приближува! “.

Френетично почнуваме да ги следиме сите добри понуди и предлози, а тие се многу, и нè демнат секаде.

Од каде да почнам, како да го изберам најдоброто, како да го зголемам буџетот, со што ќе ги облечеме децата и најважно од сè – како ќе се навикне детето да станува рано и да не се оптоварува толку многу – купишта прашања, повеќето без јасен одговор.

Ајде сега да ја оставиме паниката настрана, да се вооружиме со трпение, лист и пенкало и да се довериме на старата и тестирана пракса – листа на најважното.

Вечерите ќе се многу исполнети ако се обидете да читате книги со вашето дете. Освен што ќе сте информирани за сите принцови, принцези, нови серии и играчки, детето ќе почне да ја тренира и концентрацијата.

Шопингот за првиот училишен ден може и да е многу забавен, ако го направите заедно со вашето дете. Испланирајте еден викенд заедно и вооружете се со листата, тргнувајте на шопинг. Ако вашиот буџет е претходно одбележан, понудете му на детето само да го направи својот избор.

Децата сакаат да се важни и од нив да зависи каква облека, ранци и несесери ќе поседуваат, а вие ќе успеете да се “зачувате” себеси во тоа исцрпувачко поминување.

Приготвувајте сè што е потребно уште од вечерта, така ќе се поштедите од непотребната гужва и хаосот на утрото.

Пуштете ја омилената песна на Вашето дете и претворете го здодевното миење на заби и облекување во танц на победата! Функционира беспрекорно!

Несомнено првиот училишен ден не е најомилениот ден на децата, но ако го прослават соодветно и за награда, покрај нешто вкусно, му подарите и посакувана од него играчка, работите ќе изгледаат сосема поразлично.

Есента наближува и долгите прошетки по училиште ќе стануваат сè поголема реткост. Кога училишните активности ќе започнат, пробајте да планирате и време за игри за целото семејство. Релаксирачки е, а и обично децата победуваат, што ги тера да се чувствуваат сигурни и способни.

Ако немате време или не ви се обиколуваат продавниците, направете една голема чинија со палачинки, седнете удобно на каучот и додека си јадете со вашето дете, можете да го направите вашиот шопинг и онлајн. Ако нешто не ви се допаѓа, секогаш би можеле да го замените.

Со биро или без биро – ова прашање си го поставуваме речиси сите. Најважно е да се создаде атмосфера и удобно место дома, каде на детето ќе му е пријатно да учи.

Ако детето не сака да појадува дома, пригответе ги неговите омилени нешта за добар оброк во кутија за храна што ќе ја стави во чанта.

Враќањето во училиште значи и многу повеќе контакт со други деца, а оттаму и повеќе болести. Воопшто не се залажувајте  дека децата ги мијат рацете на 10 минути, кога не ги гледаме, нели!

Доброто спиење и здравата храна сепак се многу важни за да се задржи здравиот имунитет.
Кога децата ни остават белешки со мили пораки обично се фалиме и раскажуваме на сите ваши колеги и пријатели! Следниот пат пробајте Вие да оставите некоја убава желба до перницата или на огледалото во бањата. Така навистина ќе му го направите денот на детето посебен!

Или како се викаше во една мудрост – “Децата се толку среќни, бидејќи не сфаќаат сè сериозно!”.

Ние немаме што да додадеме! Дано со советите на Хипо сме успеале да ви помогнеме барем малку во подготовките за новата учебна година.

Добар час на вас и вашето дете!