Работодавците не смеат да ги надгледуваат приватните пораки на вработените

од desk2
114 прегледи

Вработено лице не смее да биде отпуштено од работа поради испраќање приватна порака за време на работа, соопшти Европскиот суд за човекови права, пренесе Би-би-си. Богдан Михаи Барбулеску беше отпуштен од работа зашто испратил приватна порака преку „Јаху“ во 2007 година во Романија.

Работодавецот го искористил софтверот за надзор на неговиот компјутер, што, според судот, неговото право на приватност не било соодветно заштитено. Некои од пораките што ги испратил биле интимни по природа и биле испратени до брат му и неговата свршеница.

Романскиот суд во 2016 година соопшти дека компанијата одлучила во рамките на нејзините права, но сега тоа се променува со новата одлука на Европскиот суд кога Барбулеску успешно ја оспори првичната одлука.

Европскиот суд за човекови права нагласи дека не е јасно дали Барбулеску бил предупреден оти неговите пораки ќе бидат следени и дека оригиналниот суд не утврдил конкретно зошто се случило следењето.

Бидејќи тоа е највисокиот суд, понатаму нема жалба.