Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски вели дека Обвинителството за организиран криминал го испитува случајот со вработените во Владата, кои со години не доаѓале на работа, а земале плата.Парите ќе мора да се вратат назад во оштетениот буџет.

Сите се вработени за време на претходната Влада, повеќето, односно 500 од нив, се распоредени во институциите, а 60 се уште се вработени во Генералниот секретаријат на Владата.
-Ги собрав за да разговараме за нивна распределба на други работни места според нивните квалификации. Само два-тројца од нив имаат факултетско образование, сите други се со средна стручна спрема. Ги прашав кој знае англиски, само еден дечко крена рака. Направивме муабет на англиски и му понудив да го распределиме на работно место каде има потреба од кадар. Две недели повторно не доаѓаше на работа. Кога го прашав зошто пак не доаѓа, рече дека сака да се солидализира со другите и да не работи ништо, рече Рашковски.
Еве што синоќа во Топ тема на Телма порача Рашковски.