Поминаа 40 години откако почна можеби најпознатата вселенска мисија без човек – летот на Војаџер 1.

Леталото на НАСА Војаџер 1, полета од Земјата на 5 септември 1977 година. Заедно со својот близнак Војаџер 2 кој во вселената беше испратен неколку седмици претходно, ја поминаа „Grand Tour” чија задача беше да ги обиколат Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.
Сепак, нивната работа не е завршена. Летот продолжи, а Војаџер 1 на 25 август 2012 година го напушти нашиот сончев систем и стана првото човечко летало кое се наоѓа во меѓуѕвездениот простор. Војаџер 2, поради поинаква рута на летање, од Сончевиот систем ќе излезе за неколку години.
Сепак, нивните сензори се уште функционираат.
„Неверојатно е дека нивните инструменти се уште работат и по 40 години“, вели Едвард Стоун, научник на проектот Војаџер уште од 1972 година.
До август 2017 година Војаџер 1 помина 20,87 милијарди километри, а Војаџер 2, 17,17 милијарди километри од Земјата.
Војаџер 1 беше кај Јупитер во март 1979 година, а кај Сатурн во ноември 1980. Подоцна одблиску гледаше во Сатурновата месечина Титан. Војаџер 2 Јупитер и Сатурн ги прелета во јули 1979 година, овносно во август 1981 година. Подоцна двата прелетаа крај Уран во јануари 1986 година, и покрај Нептун во август 1989 година.
За време на посетите на планетите, Grand Tour испраќаше вредни податоци на Земјата.
Па така, Војаџер 1 прв регистрира активни вулкани на друга планета, односно на месечината Ио. До тогаш мислевме дека само Земјата има вулкански активен свет. Мисијата докажа дека Титан, има атмосфера со која доминира азотот, исто како на Земјата. Опсервацијата на Европа наговести дека под дебелиот слој мраз има течен воден океан.
Двете сонди праќаа вредни податоци за хелиосферата, обвивката која Сончевиот систем го штити од штетните космички зраци.
Војаџер 1 покажа, по напуштањето на Сончевиот систем дека космичката радијација во меѓу ѕвездениот простор е исклучително интензивна.
Сепак, нивното истражување и патување не може да трае вечно. Леталата за движење и работа користат термоелектрични генератори на база на радиоизотопи кои ја конвертираат топлината од радиоактивниот плутониум 238 во електрична енергија. Таа топлина полека исчезнува.
За десет годни енергијата ќе може да го напојува само леталото, а инструментите ќе се изгасат.
Сепак, и кога Војаџерите ќе останат потполно без енергија, нивниот залет кој го стекнале во текот на поминувањето низ Сончевиот систем, е доволен да продолжат да забрзуваат. Брзината која ќе ја развијат ќе дозволи еден круг околу галаксијата да поминуваат на секои 225 милиони години.
А ако на нив наидат интелигентни вонземјани, малите зелени во нив ќе најдат по една платна плоча со податоци за Земјата и звучни записи за природата и човештвото, вклучувајќи и музика.
Во далечна иднина, Војаџерите ќе бидат наши амбасадори кои ќе пловат низ вселената и ќе сведочат за нашиот вид.